Поранешниот пратеник на Партијата за Демократски Просперитет, кој актуелно работи како нотар, ќе биде кандидатот на ДУИ за премиер на Република Северна Македонија.
Неговата кандидатура се презентираше денеска во отварање на конвенцијата на ДУИ во Преспа. Зибери рече дека оваа номинација и понуда која му ја пружи Ахмети, претставува чест за него.
– Чест ми е да стојам пред вас и граѓаните како кандидат за прв премиер албанец. Пред некое време никој не можеше да зборува за премиер албанец, но сега зборуват не замо граѓаните, туку и внатрешната јавност, и надворешната јавност.
– Поканата на господинот Ахмети ме изненади, одлуката не беше лесна, но после неколку размислувања и анализи реков да. Реков да бидејќи на големи раскрсници се познават луѓето кои се спремни да се жртвуваат за доброто на граѓаните, рече Зибери пред присутните на конвенцијата на ДУИ.
A. Зеќири