НОСИТЕЛОТ на листата на ДУИ за изборната единица бр. 5, Талат Џафери, во изборни активности на средба со граѓани во Кичево во затворен простор и без заштитни маски.
РАЗРЕШЕН Зибери, за нов директор на ЦЈЗ назначен Александар Стојанов.
КОНТРАСПИН: ДУИ како и ВМРО-ДПМНЕ -епидемијата им е ринг за изборни цели.
ЗАЕВ: На 15 јули ќе ја потврдиме разликата.
СО електронски рецепт издадени 95 проценти од лековите изминатите два месеца.
СПАСОВСКИ: Како Влада ќе ги промовираме проектите што ги градиме, партиските активности се после 16:30.
ШЕКЕРИНСКА: Градиме нова развојна македонска економија.
ФИЛИПЧЕ: Неопходен е дијалог на сите општествени нивоа и обединување во борбата со коронавирусот.
ЦИВИЛ: Кажете НЕ на тортурата и насилството.
СПАСОВСКИ: Инспекциите ќе проверат зошто има поскапувања на некои домашни производи.
ЗАЕВ од Паркот на револуцијата: Да избереме европска иднина наместо режимско минато.
ЦАРОВСКА: Чаршијата е душата на Скопје, продолжуваме со поддршка на дуќанџиите.
ВО Гевгелија позитивно решени околу 90 отсто од барањата за легализација на дивоградби.
ВТОРА фаза на прскање против комарци во Скопје.
ГРАНИЧНИОТ премин Јажинце кон Република Косово од ноќеска на полноќ е подготвен за работа, но нема преминувања на границата со оглед на тоа што не функционира косовскиот премин.
ГРАНИЧНИОТ премин Ново Село отворен, влезот во Бугарија забранет до 15 јули.
ПОВИК за истражувачка и за додипломска студентска програма на Јапонија.
ГОРАН Иванишевиќ, директор на турнирот „Адрија Тур“ во Задар и тренер на светски тенисер бр.1, Новак Ѓоковиќ, се тестираше позитивно за коронавирусот.
ЕДНА од водечките апликации за размена на пораки и бесплатна комуникација во светот, компанијата „Ракутен Вибер“ соопшти дека ги прекинува сите деловни односи со Фејсбук.
ЗЕМЈОТРЕС со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во северна Турција.