ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на СДСМ и носител на листа на ИЕ 4, Зоран Заев, од Охрид денес порача дека сега како земја членка на НАТО и земја која започнува преговори со ЕУ, треба да „ги засукаме ракавите“ за потребните реформи во образованието и правосудството, како и надоградување на здравствениот систем.
СПАСОВСКИ: Во следните 4 години, до 2024 година, ќе отвориме 80% од поглавјата за интеграција во Европската унија! Тоа ќе значи 2.5 милијарди евра од европските фондови, за нашата држава.
– Спасовски се сретна со млади во скопската општина Ѓорче Петров каде најави уште поголема поддршка на младите луѓе.
ГЕНЕРАЛНИОТ секретар на СДСМ и носител на листата на ИЕ 3, Љупчо Николовски, при својата посета на Пробиштип ја истакна важноста на инвестициите во регионот, патната поврзаност, а со тоа и економскиот развој.
ЗАЕВ: Почитувани татковци и мајки, дали сте мајки Албанки или Македонки или Турчинки, со НАТО нема повеќе војна, со НАТО нема да се грижите повеќе вашите деца дали ќе гинат, со НАТО има инвестиции, со НАТО има демократија, со НАТО има еднаквост, со НАТО има перспективи.
РАМАДАНИ: Јас не паметам дека сме имале подобри односи со соседите. За сето тоа најзаслужен е Зоран Заев. Со неговата политика ни се отворија вратите и галопиравме кон НАТО, сега истото ќе ни се случи и со Европската Унија.
ЦЕЛТА на стапување на предизобрна коалиција со СДСМ, според Касами, не е освојување повеќе гласови, туку соединувањето во еден глас околу понатомошното патување на Северна Македонија кон интеграцијата во НАТО и ЕУ.
МИНИСТЕРОТ за здравство Филипче при денешната посета на клиниката Букурешт во Скопје за медиумите изјави дека сите вработени во Брзата помош ќе добијат зголемување на примањата како награда за нивната работа и истакна дека капацитетот на итната служба е зголемен за 150%, со 20 финкционални возила и 9 активни екипи.
Од ДЕНЕШНАТА снимка уште еднаш се потврдува дека Мицкоски и Кичеец се во блиска релација според содржината на аудиото, но сега се потврдува и дека Мицкоски не само што имал контакт со Камчев, туку имал и средби на приватни локации што говори за нивната блискост и соработка.
ЦИВИЛ најостро реагира на ваквите предизборни спотови кои се истовремено понижувачки за луѓето, а особено за лицата со попреченост и за жените. Ваквите спотови можеби не испраќаат директна порака, меѓутоа во најмала рака поттикнуваат создавање на предрасуди и говор на омразата.
СПОРЕД последните податоци, во светот со коронавирус досега се заразени 9.782.854. Од нив починале 493.615, а оздравеле 5.299.275 луѓе.
А. Н. С.