ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Заев: На 15 јули расчистуваме со остатоците од режимот во судството

Оние судии кои свесно и намерно застаруваат предмети ќе бидат разрешени по автоматизам за да се остави простор за оние кои чесно и професонално си ја работат работата, рече лидерот на СДСМ.

June 27, 2020 13:48
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој е носител на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во четвртата Изборна единица денеска во изјава пред Основниот граѓански суд во Скопје истакна дека нема веќе простор за компромис со правото и дека оние што имаат обврска да обвинуваат и да судат мора да испорачаат правда, а не да ја блокираат.

– На 15 јули расчистуваме со остатоците од режимот во судството, истакна Заев на настан во рамки на изборната кампања за предвремените парламентарни избори.

Заев рече дека доколку СДСМ повторно формира Влада, правосудството целосно ќе се прочисти од корумпираните судии и обвинители.

-Оние судии кои свесно и намерно застаруваат предмети ќе бидат разрешени по автоматизам за да се остави простор за оние кои чесно и професонално си ја работат работата, рече лидерот на СДСМ.

Заев најави почеток на детална проверка на имотната состојба на судиите и обвинителите, како и темелна ревизија на пет проценти од сите судски пресуди по случаен избор, како и воведување ред и дисциплина во сите други институции.

-Администрацијата мора да им служи на граѓаните затоа дополнително ја професионализираме и ја намалуваме за 20 проценти. Ги укинуваме патните трошоци за пратениците во Собранието со што целосно го затвораме просторот за неправилности и неетичко постапување, рече Заев.

Тој истакна дека од една страна е законот за јавното обвинителство, а од друга страна се Груевски, Мицкоски, Камчев, докторите за финансиски криминал, и, како што рече, „Ќосињата кои на неправдата и изградија споменик“.

-Таквите мора да одговараат пред правдата за криминалите што ги правеа затоа што законот денес важи подеднакво за сите. На 15 јули расчистуваме со остатоците од режимот во судството. Сета сила о енергија ја вложуваме во воведување на ред, еднаш и засекогаш. Правиме држава во која виновниците се казнуваат, а праведните напредуваат, рече Заев.

Носителот во ИЕ 1 Никола Димитров истакна дека врвен приоритет на опозоцијата во изминатите години е да се бега од правдата, да застаруваат случаи.

-Нивниот напад врз СЈО, не врз поединци кои се огрешиле од законот, туку врз СЈО како институција и врз мисијата на СЈО, да застарат случаите, да нема јавното обвинителство мандат за случајот „Талир“ на пример, да не се дома за поштарот да не може да ги најде да им врачи судска покана. Затоа на 15 јули мора убедливо да ги поразиме, рече Димитров.

Next Post

Судир на „идеологии“ или како се степавме за 300 илјади евра (1)

Shortcut

Најново

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Албин Курти

August 25, 2026

Филипче обвинува дека власта ја третира државата како плен, Мицкоски возвраќа дека тој е „кукла“ на криминалци

August 25, 2026

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk