ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Шахпаска: „Можеме“ е за раст на плати, социјални трансфери, грижа за сите граѓани

Шахпаска пред граѓаните во Свети Николе посочи дека Социјалдемократскиот сојуз се разликува од ВМРО-ДПМНЕ особено во сферата на родовата еднаквост, затоа што со воспоставувањето на двојни носители на изборните листи СДСМ покажа дека жените имаат еднаква позиција во општеството.

June 29, 2020 08:50
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Носителката на листата во Изборна единица 3 на СДСМ и коалицијата, Јагода Шахпаска вчера на граѓанска трибина во Свети Николе истакна дека со искуство што го има како пратеник во Собранието бара поддршка за следните четири години затоа што „Можеме“, како што рече, може уште повеќе и уште подобро.

Шахпаска пред граѓаните во Свети Николе посочи дека Социјалдемократскиот сојуз се разликува од ВМРО-ДПМНЕ особено во сферата на родовата еднаквост, затоа што со воспоставувањето на двојни носители на изборните листи СДСМ покажа дека жените имаат еднаква позиција во општеството.

-Се залагаме за еднаква одговорност и плати за жените кои имаат исти професионални профили и работат на исти позиции како мажите, истакна Шахпаска.

Зборувајќи за здравството рече дека Владата предводена од СДСМ во изминатиот период вработила повеќе од 780  доктори и илјада медицински сестри, ги зголемиле и нивните плати, така што денеска, рече таа, доктор специјалист  заработува од 80.000 до 160 000 денари.

-Денес докторите специјалисти земаат за 40 отсто повисока плата, општите лекари за 20 отсто, медицинските сестри за 23 и другиот медицински персонал за  15 отсто, истакна Шахпаска, која се осврна и на зголемувањето на капитацискиот бод, укинувањето на квотите за лекови и проширување на позитивната листа на лекови и лекови кои се безбедни и сигурни за граѓаните.

Шахпаска пред граѓаните во Свети Николе посочи дека трендот на раст на плати во здравството ќе продолжи да расте. Предвидено е 10 проценти раст на платите секоја година. Но, исто така, рече таа, ќе продолжи вложувањето и во инфраструктурата на здравствениот сектор. Скопје ќе добие нов клинички центар, но ќе се  инвестира и  во сите единици на интензивна нега со модерна опрема, кревети, респиратори, рентген машини и сите останати потребни апарати за врвна здравствена заштита.

Шахпаска се осврна и на социјалните политики – за 300 отсто зголемената социјална помош и зголемувањето на нејзиниот опфат, образовниот и детски додаток, социјалната пензија од 6000 денари за лицата кои не исполнуваат услови за пензија и решавањето на статусот на 12 000 стечајци кои денес земаат по 8000 денари месечно. Во однос на лицата со попреченост, посочи дека до крајот на следниот мандат нема да постои институција која нема да биде достапна за нив, а и дека  средствата кои  добиваат овие лица ќе бидат зголемени за уште 15 проценти до крајот на оваа година./МИА/

Next Post

Преглед на вести во 9 часот: Изборна кампања во полн ек, 3479 активни случаи на ковид-19, Дурловски ја заборави изборната програма, Силјановска побегна од прашањата на Мактел

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk