ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Маричиќ: Дефинирањето на македонскиот јазик како официјален е резултат на принципиелното поставување на ЕК кон нашата лична карта во ОН

July 2, 2020 21:44
in АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По повод разрешување на дилемите дали со промена на името се менува јазикот и индентитетот, а со усвојувањето на македонскиот јазик, како таков без никакви дополнителни објаснувања и фусноти од Европската комисија, Фронтлајн разговараше со Бојан Маричиќ, владин советник за евроинтеграции.

Фронтлајн: Во предлог-преговарачката рамка што ја усвои Европската Комисија, одредницата што се користи за именување на јазикот е – македонски, без никакви дополнителни објаснувања или фусноти. Што значи поточно ова, дали може да се земе како чин на официјално признавање на македонскиот јазик на ниво на ЕУ, и негова промоција во еден од официјалните јазици на Европската унија во иднина?

Маричиќ: Најпрво би кажал дека ова е голем успех и за поздравување тоа што вчера на првиот ден од Германското претседателство со Европската унија, беше усвоена предлог преговарачката рамка од страна на Европската комисија и доставена до државите членки.

Ова е уште еден чекор напред, важен чекор кој што го чекавме подолго време, и практично е меѓучекор од носењето на одлуката за почеток на преговорите до првата меѓувладина конференција. Овој документ ги опишува принципите и процедурите по кои што ќе се преговара, како и очекувањата на Европската комисија од нас како држава кандидат за членство во Европската унија.

Во однос на јазикот, мислам дека тоа треба да го третираме како нормална работа, тоа е стандарден дел од овој документ, во него се споменува дека целото законодавство на Европската унија треба да се преведе на македонски и до почетокот на нашето членство во Европската унија да го имаме целото законодавство преведено, во моментот кога ќе станеме држава членка на Европската унија, тогаш ќе стане македонскиот јазик официјален јазик на Европската унија.

Ова е еден од документите после долго време кој што го споменува македонскиот јазик, инаку и претходно во документите на Европската комисија бил споменуван, сега се споменува повторно и ова е резултат на принципиелното поставување на Европската комисија кон нашата лична карта во Обединетите нации, која што го дефинира македонскиот јазик како официјален јазик на Република Северна Македонија, и имајќи го ова предвид тоа значи дека системот наш, нашиот јазик влегува во системот на Европската унија, дека веќе и преводите кои што ќе се случуваат на Европското законодавство ќе бидат на македонски јазик, преводите на состаноците кои што ги имаме во Брисел исто така ќе се одвиваат на македонски и тоа е нешто што е принципиелно бидејќи правото на самоопределување нам ни дава за право да си го наречеме јазикот македонски, да си го потврдиме нашиот идентитет, што е веќе потврдено и во Обединетите нации и со договорот од Преспа, и да го користиме нормално како и сите други јазици во процесот на пристапување.

Искра Ежова

камера: Дехран Муратов

монтажа: Ариан Мехмети

Next Post

Николовски: Наша следна задача е да ги вратиме младите и во Истокот и во целата држава

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk