ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Заев: Сјајот на сонцето – посилен од отсјајот на Мицкоски

Носителот на кандидатската листа во Третата изборна единица и генерален секретар на партијата Љупчо Николовски рече дека Источниот регион е вистински пример како локалната и централната власт заеднички работат во интерес на граѓаните.

July 2, 2020 21:30
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Јадат комарците, но навикнат сум, мене Мицко ме јаде долго време, не може да спие од мене, но додека мене ме јаде си го подјадува рејтингот, го почна обраќањето лидерот на СДСМ, Зоран Заев, посочувајќи на најновата анкета според која предноста на СДСМ не била 1,6 отсто туку  3,6, а по негова проценка водството на СДСМ е 5,2 отсто во однос на ВМРО-ДПМНЕ, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев високо на Пониква, каде вечерва одржаа митинг во Кочани.

-Јас знам дека ќе победиме, но ни треба глас повеќе за постабилна позиција, за никој да не не уценува, рече Заев, посочувајќи ја  ДУИ на која и посака да оди во опозиција, за да дојдат нови сили кои ќе влечат напред. Доволно видовме од нив, рече Заев.Тој се опиша себеси како човекот кој комплетно го исполни Рамковниот договор, дека нема предрасуди кон ниту една етничка група, но дека уцени – никако не прифаќа.

Тој, како и на претходните митинзи, ги посочи сите храбри одлуки, економски, здравствени, социјални или надворешнополитички.

-Благодарение на таа храброст денеска сме членка на НАТО и имаме одлука за почеток на преговорите со ЕУ. Денес ги живееме идеалите, нашите цели се постигнати. Затоа барам поддршка од вас, бидејќи не сме исти сите во политиката. Кога требаше храброст, покажавме храброст. Кога требаше да се носат одлуки, ги донесовме. Кога требаше да покажеме дека за време на најголемите и најтешките одлуки може да ја развиваме економијата, тоа го покажавме. И денес ги гледааме резултатите. Ги исполнивме стратешките цели и денес имаме земја признаена од целиот свет во која живеат Македонци, кои зборуваат македонски јазик признат од целиот свет, создадовме пријатели околу нас и отворивме перспективи за идните генерации, рече Заев тврдејќи дека ги отвориле сите можни перспективи и апсурд е сега да се враќа назад режимот на претходната власт.

Објавувањето на преговарачката рамка од страна на ЕУ тој го посочи како најнов успех и како прв чекор до целта македонскиот јазик да биде еден од службените јазици на ЕУ. Според него, голиот квази патриотизам од луѓето кои беа околу Груевски 11 години се повеќе се разобличува, а се  разобличува и Мицковски, бидејќи се бори само за пари и за власт, алудирајќи на критиките од опозицијата околу Преспанскиот договор и решението што го прифати Владата на СДСМ околу јазикот, односно тврдењата дека сме го продале јазикот и идентитетот.

-Сјајот на сонцето е посилен од отсјајот на Мицкоски, рече Заев.

Тој ги повика Кочанчани за гласаат за СДСМ бидејќи никогаш во овој регион не се градело толку како сега, набројувајќи повеќе проекти.

-Ја имате пред вас единствената мултиетничка коалиција. Која единствена во сите изборни единици има листи пола на пола со мажи и жени. Заради тие два атрибута вреди да се гласа за нас.  Вреди и поради храбрите одлуки што ги носевме. Вреди бидејќи сме од Истокот, рече Заев барајќи поддршка за втор мандат  за да покаже економски резултати.

Носителот на кандидатската листа во Третата изборна единица и генерален секретар на партијата Љупчо Николовски рече дека Источниот регион е вистински пример како локалната и централната власт заеднички работат во интерес на граѓаните.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

May 18, 2025
Фото: СДА МАкедонија

СДА Македонија ја организираше меѓународната конференција „Сребреница – Совест на светот“

May 17, 2025
Војаџер 1. Фото:  Caltech/NASA-JPL

(ВИДЕО) НАСА успеа „да ги оживее“ резервните двигатели на „Војаџер 1“ по 21 година

May 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тетовец зел 25.000 евра пари со камата, му одзеле два стана во вредност од 150.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Евровизија 2025: Сè е подготвено за вечерва во Базел! Кои се фаворити?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кои се трите главни услови што Русите ги побарале за прекин на агресијата врз Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk