На Фејсбук страницата Криминалите на ВМРО-ДПМНЕ објавено е видео од гаф на митинг на ВМРО-ДПМНЕ. Поранешната министерка за труд и социјална работа во техничката влада, која беше разрешена по давање изјава пред стара табла, и носителка на листа во И.Е 2, Рашела Мизрахи беше „фамозно“ најавена како „нашата Мишела“.
https://www.facebook.com/kriminalitenavmrodpmne/videos/298582927947485/
Овој „симпатичен“ гаф не врати во не така далечната 2009 година кога се одржуваа локални избори, кога тогашната пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, беше најавена како Силванева Бонева.