На Фејсбук страницата Криминалите на ВМРО-ДПМНЕ објавено е видео од гаф на митинг на ВМРО-ДПМНЕ. Поранешната министерка за труд и социјална работа во техничката влада, која беше разрешена по давање изјава пред стара табла, и носителка на листа во И.Е 2, Рашела Мизрахи беше „фамозно“ најавена како „нашата Мишела“.
ГАФ НА ДЕНОТ: Да ја поздравиме Мишела…или Рашела…како се викаше Мизрахи? ??
Gepostet von Криминалите на ВМРО ДПМНЕ am Freitag, 3. Juli 2020
Овој „симпатичен“ гаф не врати во не така далечната 2009 година кога се одржуваа локални избори, кога тогашната пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, беше најавена како Силванева Бонева.