ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Заев: Николоски бандит невиден, само Милошоски е поголем бандит од него

Претседателот на СДСМ, Заев,  рече дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема што да им понудат на граѓаните освен стиропор патриотизам бидејќи тие се партијата којашто 11 години ја урнисуваше економијата, ги крадеше парите од граѓаните и ја уназадуваше државата на секое поле.

July 3, 2020 22:22
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, МОЗАИК, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Времето на национализам и лажен патриотизам е завршено. Најголем патриот е оној којшто носи храбри одлуки за иднината. Стратешката цел за членството во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ ја остваривме. Во преговарачката рамка не случајно е напишано сите акти да се преведат на македонски јазик, на македонски, не на северџански, како што оние од ВМРО-ДПМНЕ ни го навредуваат јазикот, рече претседателот на СДСМ, Зоран на вечерашната граѓанска трибина на СДСМ и коалицијата „Можеме“ којашто се одржа на Универзитетот ФОН.

-Прво тоа е признавање, по не знам кој пат од ЕУ на нашиот македонски јазик. Чест и почит за албанскиот, турскиот, ромскиот јазик и другите наши јазици, коишто никојпат не биле оспорени, но нашиот го оспоруваа во минатото. Сега е признаен од ЕУ и од сите земји членки на ЕУ. Прв чекор од ЕУ за официјализирање на нашиот македонски јазик да биде еден од официјалните јазици на ЕУ. Е има ли поголемо и поубаво патриотско чувство како Македонец а не како тие лажните патриоти што се чукаат во градите?- порача претседателот на СДСМ, Зоран на вечерашната граѓанска трибина на СДСМ и коалицијата „Можеме“ којашто се одржа на Универзитетот ФОН.

Претседателот на СДСМ, Заев,  рече дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема што да им понудат на граѓаните освен стиропор патриотизам бидејќи тие се партијата којашто 11 години ја урнисуваше економијата, ги крадеше парите од граѓаните и ја уназадуваше државата на секое поле.

-Не може повеќе да продаваат лажен патриотизам. Да ни продаваат обнова тие што ја урнисаа економијата. Тие што го партизираа судството и правосудството и го нарушија комплетно образованието?! Не можат да продаваат обнова ни на слободата, кога денеска слободата блеска на сите страни, секој може слободно да си каже што сака и да не му фали влакно на главата, а пред три години се молчеше и не смееја некои имиња да се спомнат во државата. Уриваа, го урнисаа и Космос и се што им беше на патот. Земаа приватни фирми да бидат во нивна сопственост. Делеа субвенции и социјална помош по партиски штабови. Тоа ќе го обновуваат? Таа обнова е како нивниот стиропор патриотизам. Гледате како одминува времето стиропорот се рони, се разобличува, се отвора, и излегува вистинското лице од него. Секој ден се разголуваат и Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Се е исто, тие се луѓето на Груевски. Мисајловски му беше министер и цело време во неговата прва екипа. Мицковски му беше шеф на штаб, генерален секретар, советник, директор на ЕЛЕМ. Игор Јанушев, насилникот што денеска го слушаме што шета по истокот се обидува да добие гласови и зборува за правда, родова еднаквост. Николовски бандит невиден, само Милошоски е поголем бандит од него. Дурловски за 200.000 евра ќе не убиваше, и сега неговото враќање во Парламентот е враќање на местото на злосторството. Исти луѓе, кој тоа лажат. Сега е слобода луѓето знаат се. Чекаат 15 јули и зад параванот да ни кажат- рече претседателот Заев.

Next Post

Заев: Не смее никој да ја уценува татковината, граѓаните ќе изберат кој ќе ги води

Најново

Анаис, хороскоп, Македонија, Скопје, стара железничка

Дневен хороскоп со Анаис за 13 мај 2026: Врвен моментум и незапирлива акција

May 13, 2026

Филипче: Мицкоски и Муцунски ја кријат вистината, уставните измени се европско, а не билатерално прашање

May 12, 2026

Димитријевиќ: На Мицкоски му одговара да ја држи државата изолирана, за да продолжи да го краде народот

May 12, 2026

Мицкоски на Македонија 2025: Успешно ги менаџираме работите во државата, шест квартали по ред имаме 3,5 проценти реален раст на БДП

May 12, 2026

(ВИДЕО) Шпанија и СЗО прогласија „успех“: Заврши евакуацијата на крузерот поради хантавирус

May 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk