ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КРИМИНАЛ

До темел изгоре куќа во Дурачка река, сопственичката има 80 години

Ова е втор пожар од почетокот на месецот во Крива Паланка. Првиот се случил на втори јули, на отворено во селото Трново.

July 6, 2020 21:22
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Домот на 80-годишната М.С. од Кривопаланечкото село Дурачка Река денеска изгоре до темел откако претпладнето во него избувнал пожар. Пожарот го гаснеле петмина пожарникари од Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка, со три возила. Сопственичката била кај роднини во соседството во моментот кога избувнал пожарот.

– Дојавата за пожар е примена пет минути пред десет часот претпладнево, а нашите екипи пристигнале во местото викано Метов, каде се наоѓа куќата, околу 10:20 часот. Интервенираа пет пожарникари со три возила, една цистерна и две теренски возила. Станува збор за непристапен терен, а пламените јазици многу брзо ја зафатиле целата куќа. Според очевидците, пожарот избувнал околу 9:20 часот, така што веќе еден час до нашето пристигнување куќата гореше. За среќа, немаше никој во неа, сопственичката била во соседството, а успеавме да спречиме пожарот да се доближи до двете блиски плевни и уште една куќа, изјави Иле Коцевски, командир на ТППЕ – Крива Паланка.

Тој посочи дека настаната е голема материјална штета од околу два милиони денари, а жената е без покрив над главата.

– Пожарот е локализиран околу 11:30 минути часот, а целосно беше изгаснат во 14:30 часот. Најверојатно причина за појава на пожарот е неисправна електрична инсталација, но за сигурно ќе се утврдува допрва, додаде Коцевски.

Ова е втор пожар од почетокот на месецот во Крива Паланка. Првиот се случил на втори јули, на отворено во селото Трново.

Коцевски апелира граѓаните во овој летен период да бидат крајно внимателни при движење во шума и на отворен простор, да ги почитуваат мерките за забрана на палење оган на отворено за да се зачува безбедноста на домовите и шумите.

 

Next Post

Заев кон Мицкоски: Ние објавувавме автентични снимки, вие се криете зад портали и објавувате трети лица

Најново

Трендафилов: Половина од работниците земаат плата под 600 евра, ќе протестираат или ќе одат на викенд за 1 Мај?

April 29, 2026

„Кафе со амбасадори“ во Битола: Дијалог за човековите права, културата и европскиот идентитет

April 29, 2026

Мицкоски: Со формирањето на Комитетот за јавни инвестиции, државата воспоставува поцврст и поодговорен механизам за одлучување

April 29, 2026

Како ќе изгледа македонската „Пиета во прекривките на ургентноста“ која патува на 61. Венециско биенале

April 29, 2026
Илустрација Фронтлајн

Физичарите пред предизвикот на вештачката интелигенција: Моќна алатка која бара човечки „пилот“ и научен скептицизам

April 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk