До редакцијата на Фронтлајн стигнаа фотографии и видео материјали од партискиот собир во Куманово на коалициските партнери од албанскиот политички блок, Алијанса за Албанците и Алтернатива кои уште во февруари потпишаа коалициски пакт под кој настапуваат на овие парламентарни избори.
Од фотографиите од Куманово јасно се гледа дека замислата на организаторите можеби била со намера за придржување до мерките за заштитеа, но присутните поддржувачи на собирот не се придржуваат до пропишаните превентивни насоки.