Светската здравствена организација, домашните експерти и многу други потврдија дека ние имаме објавување на чесни бројки, транспаретни во врска со корона вируспот. Комисијата за заразни болести, без разлика дали има или нема избори, сакаше отворено од самиот почеток да ја известува јавноста, вели Заев.
Лекарите и сите медицински сестри се храбри јунаци кои работат 24 часа на ден, насекаде, низ сите болници. Мене ми е драго што успеваат да спасат пациенти од респиратори, што нема метежи низ болниците, што имаат направено систем на ротација за да се покријат во смените.
Најмалку што можеме е да ги наградиме 10 отсто сите здравствени работници, а како иден премиер ќе предложам до претседателот да се им се додели медал за храброст, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев на телевизиското соочување со Христијан Мицкоски.
Започна една иницијатива министерот Венко Филипче, како претседател на најголемата политичка партија ме консултираше мене, во фондот има пари за да почнеме инцијативата со која ќе е дозволено 10% да ги наградиме сите лекари и медицински сестри што учествувале за јуни месец, а секако ќе предложам како иден премиер до претседателот на државата тоа законот го овозможува за сите што се вклучени, помагаат тоа се нашите херои во справувањето со Ковид-19 да се додели медал за храброст, открива Заев.
Заев предупреди дека Мицкоски го негира здравствениот систем, не сака да ги признае нивните резултати. Затоа тој изрази увереност дека после 15 јули ќе продолжи сплотеноста на сите здравствени работници.