ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СКАНДАЛИ

Брима Галуп го демантира Горан Момировски од ТВ Алфа: Не е точно дека не сме спровеле анкета

July 7, 2020 17:04
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

По вчерашните оркестрирани објави во опозициските медиуми, дека Брима Галуп воопшто не спровела анкета за расположението на гласачите пред изборите и дека „СДСМ води само на непостоечки анкети“, со реакција се јавија од канцеларијата на Брима од каде ги демантираат ваквите наводи, пренесува Слободен Печат.

Имено, опозициските портали, повикувајќи се на наводи на новинарот од Алфа, Горан Момировски, објавија дека таква анкета не постоела и дека истата била измислица на „провладините медиуми“.

„Нова ТВ објави анкета на Брима Галуп според која СДСМ и БЕСА се во предност, и тоа имаше некоја фантастична бројка од 6,2 проценти. Ако се следи законот според оваа објава на Нова ТВ против нив треба да биде поднесена соодветна пријава бидејќи не го почитуваат членот 73 од изборниот законик. Во оваа анкета нема кој е нарачател, ниту кој ја платил анкетата, ниту има колкав е примерокот, кој ја спровел анкетата, само вели Брима Галуп и другото пропаганда класична дека СДСМ и БЕСА заедно водат со 6,2 проценти. И сега доаѓаме до суштината на скандалот оваа анкета ја објавија вчера 20-тина медиуми, ние во објавата на веб сајтот на Алфа ја објавивме со што се повикавме на прците медиуми кои што ја објавија. Првите медиуми кои ја објавија беа А1 ОН, Локално, Центар, Бриф, еве НОВА ТВ и тоа сите ја објавиле практично во ист момент. Никаде нема детали. Денеска јас разговарав со човеко кој што во Брима Галуп е одговорен за истражувања, господинот Ѓорѓиј Кимов, претходно имав проблем да го најдам, се обидов да ја добијам канцеларијата на Брима Галуп каде никој не се јавуваше. Дури комуницирав со регионалниот директор на Брима Галуп во Софија кој што ми објасни дека се работи за локален проект и таму да ги барам одговорите. За на крајот со господинот Јакимов не можев да го добијам и тој ми напиша на Вибер, да каже дека анкета на Брима Галуп воопшто не била објавено“, рече Момировски во емисијата „Заспиј ако можеш“.

Ваквите негови наводи денеска преку соопштение ги демантираа од Брима Галуп.

„Ве известуваме дека БРИМА четири пати годишно редовно спроведува Омнибус истражување повеќе години. Во рамките на ова истражување е и секцијата за социо-политички стандардизирани прашања во рамки на Политичкиот Барометар на БРИМА. Овие податоци кои се сопственост на БРИМА ги нудиме на потенцијални клиенти кои се заинтересирани за нив. Истражувањето во јунскиот бран се спроведе од 5 до 14 јуни 2020 со телефонска анкета (CATI) со национално репрезентативен примерок N= 1174 испитаници на возраст 18+ години. Понудата ја прифати еден од клиентите со ексклузивно право на користење и објавување. Наводите дека БРИМА воопшто не спровела анкета не се точни. Уште еднаш објаснуваме дека БРИМА НЕ ЈА ОБЈАВИЛА анкетата, а истата ја спровела во наведениот период. Дополнително БРИМА на 05 Јули 2020 има пратено до сите медиуми информација – корекција во која се појаснува точниот датум кога анкетата е спроведена“, се наведува во соопштението на Брима.

Според анкетата на Брима, СДСМ и БЕСА имаат предност од 6.2% пред ВМРО-ДПМНЕ.

На прашањето за која политичка партија или коалиција ќе гласате доколку денеска се одржуваат парламентарните избори 18,7% од граѓаните одговориле дека би гласале за оваа партија.

На второ место е ВМРО-ДПМНЕ со поддршка од 15,1% од граѓаните. Разликата е 3,6 отсто во полза на СДСМ. Следува ДУИ со 8,2% поддршка, зад неа се наоѓа Алијансата за Албанците со 4,9%, додека движењето БЕСА иако на овие избори настапува заедно со СДСМ има одделна поддршка од 2,6%. Доколку овие проценти се додадат кон поддршката на СДСМ, разликата меѓу коалицијата СДСМ-БЕСА и ВМРО-ДПМНЕ ќе биде 6,2% во корист на Коалицијата предводена од Зоран Заев. Други партии кои се појавуваат на анкетата се Интегра со поддршка од 1,3, Левица со 1,2% и ДПА со 0,6.

 

Next Post

Преглед на вести во 18 часот: За Македонците, македонскиот јазик е затворена работа и дома и во светот, МАНУ промовира четири капитални дела за македонскиот јазик...

Shortcut

Најново

Високи затворски казни во Хаг за косовските лидери на ОВК: Ахмети и ВЛЕН со остри реакции за пресудите

September 16, 2026

Хашим Тачи од судот во Хаг прогласен за виновен за воени злосторства, осуден на 25 години затвор

September 16, 2026
Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

September 15, 2026

Од 15 до 18 октомври започнува 45. Скопски џез фестивал: Четири вечери, 13 земји и ексклузивни концерти

September 15, 2026

Партиски пресметки за судството: СДСМ обвинува за неказнивост зa Кочани, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со модуларната болница во Тетово

September 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk