ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Спасовски во Липково како знак на почит го пречекаa со флија, традиционално јадење за нивната средина

July 7, 2020 20:22
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Носителот на листа на кандидати за пратеници на коалицијата Можеме во ИЕ 2, Оливер Спасовски на средби со жители од Матејче, Ваксинце, Опае и во липковско ја потенцираше силната посветеност на рамномерниот регионален развој и на развојот како на градските така и руралните средини и на грижата за сите граѓани.

Тој посочи дека во овој регион, за патна инфраструктура, централната власт има вложено шест милиони и 100 илјади евра за патот Опае – Балаковце – Станчиќ – граница со Косово и за обнова на регионалниот пат Матејче Липково.

– За 12 проекти за рамномерен регионален развој одделени се 101 милион 908 илјади 294 денари за изградба на фекална канализација село Отља, општина Липково, за фекална канализација во село Ваксинце, фекална канализација во село Матејче, за подобрување на условите за рурален развој, развој на туризмот и мобилноста во Североисточниот плански регион, за заштита на животната средина, нешто за што ДУИ имаше можност 11 години, но не го направи, рече Спасовски.

Тој порача дека СДСМ и колаицијата се грижат за сите и тоа граѓаните го препознаваат.

– Ја имаме поддршката од сите и затоа заедно продолжуваме по правиот пат. Заокружете 3 на 15 јули за да продолжи грижата за сите, повика Спасовски во Липково.

– Социјалната помош ја зголемивме за 300 проценти и продолжуваме, ќе има повисока социјална помош за 34.000 домаќинства. Над 33.000 деца во училишна возраст примаат детски додаток и продолжуваме со детски додаток за 65.000 деца. Најавуваме изградба на 777 социјални станови низ целата држава. Ние се грижиме за потребите на луѓето, додека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се грижат за потребите на Никола Груевски, ги поделија луѓето и владееја со страв, режим и крадење, рече Спасовски, а ние градиме и ги насочуваме парите кај граѓаните, истакна Спасовски.

Жителите го пречекаа Спасовски со флија, традиционално јадење за нивната средина, како знак на почит.

Next Post
Мендух Тачи, ДПА

Тачи: Влада без Албанци ќе доведе до војна

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk