Србија го враќа полицискиот час.Претседателот на Србија Александар Вучиќ на вонредна прес конференција најави на прес конференција најави од петок полициски час од 18 часот и ќе трае до понеделник до 5 часот.
Од утре в Србија се забранува јавно собирање на повеќе од пет луѓе. Вучиќ рече дека најсериозна е ситуацијата во Белград и денеска имале 13 починати.
Вучиќ истакна дека болниците се полнат со полн интензитет, и дека ако продолжи вака, наскоро ќе нема слободни кревети. Денеска во Србија се регистрирани нови 299 случаи на коронавирус, и 13 починати лица.







