На предизборната трибина на коалицијата „Можеме“ во Гостивар зборуваше лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Се осврна на ДУИ и на ВМРО ДПМНЕ за кои е карактерисично дека намаат донесено ниту една храбра одлука во интерес на народот на државата.
„Сега ги гледате, дојдоа изборите и повторно ДУИ за албанштината, а ВМРО ДПМНЕ за македонштината. Зошто ДУИ 12 години не го носеше Законот за јазици, се плашеа за рејтингот и кариерата? Но, дојдовме ние и го решивме прашањето. Се лажеа насекаде граѓаните дека сите ќе изгубиме, но дали е така? Не, добивме сите, секој има право да комуницира на својот мајчин јазик. Имавме храброст за сите одлуки што ги носевме. Иако имавме 49 пратеници, сепак формиравме влада, но имавме многу пати и 80 пратеници за важните закони. Денес ги исполнивме стратешките цели и сега партиите не може да ветуваат НАТО и ЕУ, тоа е завршена работа од нас. И зошто 12 години во време на режимот ова не се случуваше? Затоа што сите се грижеа за себе и нивната партија, наместо за народот и државата.“- им се обрати Заев на гостиварци и ги повика на 15 јули да немаат дилема и да ја изберат висинската опција.
Тој направи изборна математика и процени дека во шестата изборна единица ќе победи коалицијата на СДСМ.
„Оваа коалиција ќе победи. Во шестката ќе го победиме ДУИ, Алијасната на Албанците, а од ВМРО ДПМНЕ ќе имаме двојно повеќе пратеници во оваа изборна единица. Го слушам ДУИ сака Албанец за премиер. Не можат да ни продаваат такви филмови нам. Тие не се борат за народот, се борат за власт и пари. Не може никој толку години да биде власт, навлегуваат во институциите и го узупираат системот. Нека знаат дека сега нема НАТО, ЕУ, Грција, Бугарија, сега имаме работа дома. Ги имаме сите фронтови отворено пред нас, треба да се биде економски патриот. Вистински патриот е тој што зголемува плати, што вработува млади, што им дава пари на граѓаните наместо да им ги краде, сите други се кукавици кои се кријат зад национализмот. Четврта индустриска револуција му се случува на светот, а ние не можеме да живееме во 19-ти или 20-ти век.“- рече Заев







