ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Неделен извештај на ИЈЗ: Намален бројот на новозаболени и починати, а зголемен на оздравени

July 8, 2020 12:41
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во периодот од 29 јуни до 5 јули, според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, се бележи намалување на бројот на новозаболени и починати, а зголемување на бројот на оздравени лица во споредба со претходната недела на известување, соопшти Министерството за здравство.

Во овој период направени се вкупно 8.422 тестирања, а регистрирани се 917 позитивни случаи на Ковид-19, што е за 186 случаи помалку од претходната недела. Во последните три недели бројот на новозаболени на неделно ниво бележи пад, како и процентот на позитивни случаи од тестирани. Во периодот од 29 јуни до 5 јули овој процент изнесува 10,9.

Регистрирани се случаи во 25 града, при што најголем процент на новозаболени има во Скопје (45,9%) и во Тетово (10,3%). Во 17 града во земјата, за истиот период, бројот на новопотврдени случаи е под 20.

Од новозаболените во овој период најголем процент се лица над 60 години (22,9 %), потоа лица од 50-59 години – 19,8%, забележано е благо намалување во однос на претходниот период кај лица на возраст меѓу 40–49 години и благо зглемување на процентот кај лица меѓу 30-39 и 20-29 години. Најмал број новозаболени има кај децата на возраст до девет години – 3,1%, и од 10-19 години – 4,1% од вкупниот број новозаболени.

Од случаите во овој период кои се епидемиолошки истражени, хоспитализирани се 113 лица или 13,4 отсто, што претставува намалување за четири отсто во однос на претходната недела на известување, а кај 205 лица или кај 25 отсто регистрирано е присуство на коморбидитети.

Во периодот 29 јуни до 5 јули, регистрирани се 46 смртни случаи, што е 11 помалку од претходната недела на известување. Најголем број од случаите се лица над 60 години (67,4 отсто).  Кај 38 од смртните случаи (82,6 отсто) регистрирани се претходни коморбидитети.

Оздравени се водат 613 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 166 лица повеќе од претходната недела на известување (21-28 јуни). Ова е исто така важен и позитивен индикатор кој влијае на намалување на растот на активни случаи, стои во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Next Post

Објавен Конкурсот за сместување студенти во академската 2020/2021

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk