КОВИД-пандемијата не стивнува, болничките капацитети доволни за прием на пациенти. Од почетокот на епидемијата, вкупниот број КОВИД-дијагностицирани во земјава изнесува 7.572, бројката на оздравени пациенти е 3.624, додека на починати 362.
ИТАЛИЈА забрани влез од 13 земји, меѓу нив и С.Македонија. На списокот, составен од Министерството за здравство, се и Ерменија, Бахреин, Бангладеш, Бразил, Босна и Херцеговина, Чиле, Кувајт, Молдавија, Оман, Панама, Перу и Доминиканската Република.
УШТЕ три дена предизборната кампања, и „Можеме“ и „Обнова“ ветуваат по 15-ти јули доаѓаат најдобрите четири години.
ЗАЕВ најави укинување на седум министри без ресор. Тој повторно зборуваше дека на ДУИ не ѝ се допаѓала отвореноста и транспарентноста и дека затоа ќе одела во опозиција по изборите.
АХМЕТИ: На 15 јули дајте ми го мечот во мои раце.
УШТЕ еден гаф во ВМРО- ДПМНЕ, по Дурловски и Ане Лашкоска не се сети како се вика ГТЦ. Ане Лешкоска е кандидатка за пратеничка во 4 И.Е.
ВРЕМЕТО во земјава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер.
САД: Нови 1,3 милиони невработени побарале помош.
ФРАНЦУСКИОТ претседател Емануел Макрон смета дека зашилената кула на катедралата Нотр Дам, што изгоре во пожар во април 2019 година и другите оштетени делови на познатата париска црква треба да бидат обновени во согласност со претходниот изглед на зданието.
МАЖ кој работел во прес-службата на германската канцеларка Ангела Меркел е осомничен дека шпионирал за Египет.
ЗЛАТАН: Му кажав на раководството сè, ова не е „големиот Милан“.
И. Т. З.