Лидерот на Македонски концепт Петар Богојески заедно со носителката на изборна листа за ИЕ2, проф. д-р Снежана Костадиноска-Милошеска денеска ги посетија производствените погони на Чик Куманово со што официјално го завршија караванот на Македонски концепт низ републиката. Богојески од Куманово изјави дека е неопходна заштита на домашното производство, овозможување на еднакви пазарни услови, но и воведување на услови за работа според стандардите во ЕУ. Единствена мерка која може да помогне за зголемување на процентот на ефикасност и продуктивност во сите гранки во индустријата во Македонија е намалување на работното време скалесто, почнувајќи прво на 7, за подоцна да се сведе на 6 работни часови.
„Со оваа мерка од една страна ќе им овозможиме на работниците повеќе време да потрошат на семејството, а од друга страна да бидат попродуктивни и да придонесат за поголем развој на компаниите во кои работат. Во исто време ќе бараме и драстично зголемување на квалитетот на условите за работа и почитување на работничките права како што налагаат ЕУ стандардите. Овие политики се дел од нашата стратегија за поддршка на домашното производство кое е сериозно занемарено од политиките во последните 30 години”, вели Богојески.
Средбата со стопанствениците и вработените даваат едноставна слика за состојбата и причините поради кои македонското производство не може да порасне и не може да дојде до финален производ. Причина за тоа е нелојалната конкуренција наметната од земјите кои се надвор од Европската унија и сивата економија во земјава. Увозот на странски производи го уништува македонското стопанство, а со тоа и можноста за развој и поставување на вистински стандарди за вработените во оваа индустрија. Денес Куманово го потврдува токму тоа, дека традиционалните индустрии како што се чевларската, кожарската и текстилната индустрија се на маргините на нашето општество. Погрешните економски политики не ја заштитуваат домашната индустрија и домашното производство.