Во нашата редакција стигна фотографија од Тетово на која како што може да се забележи има гужва од граѓани кои чекаат ред за влез во филијала на банката. Не сме известени дали филијалата има редарска служба која треба да овозможи физичка дистанца, но од она што може да се забележи, физичка дистанца не се почитува.
Вчера беа регистрирани рекордни 205 нови случаи на Ковид-19, од кои нови 13 се токму од Тетово.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7777, бројката на оздравени пациенти е 3960, на починати е 368, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3449.
Ј. Ѓ.