ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СКАНДАЛИ

Нови снимки: Мицкоски го лаже членството, ги исклучи осумте пратеници, а потоа тајно ги молел да работат за него (АУДИО)

Снимките покажуваат дека тој имал тајни средби со исклучените пратеници, и не само што имал туку ги убедувал да не гласаат за Законот за јавно обвинителство.

July 12, 2020 13:57
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

На интернет осамнаа нови аудио снимки на кои се слуша како Христијан Мицкоски ги убедува независните пратеници, кои претходно ги ибрка од партијата, како ги убедува дека не е добро да гласаат за Законот за Јавно обвинителство. Гласот на Мицкоски се слуша како им зборува на пратениците дека власта сака на нелегален начин да ги пренесе предметите од СЈО во Јавното обвиниелство, а со тоа власта имала намера да продолжи со уцените и притисоците врз неистомислениците.

Снимкитe на кои се слуша гласот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја открија вистината за неговиот однос кон независните пратеници кои тој ги исклучи од партијата.

Имено, јавноста и членството на ВМРО ДПМНЕ беа известени дека осумте пратеници кои не биле послушни кон партијата се исклучуваат како предавници.

Но, тоа Мицкоски го користел како аргумент пред членовите и граѓаните, вистината во позадина била сосема поинаква. Снимките покажуваат дека тој имал тајни средби со исклучените пратеници, и не само што имал туку ги убедувал да не гласаат за Законот за јавно обвинителство.

Во убедувањето Мицкоски користи фрази дека власта ќе уценувала, ќе притискала ако се донесе законот. При тоа тој не им ја открива вистината дека тој лично се бори против законот за да ги спаси Камчев, Мијалков и другите функционери во партијата.

Аудио снимките се потврда за дволичната игра на Мицкоски, пред членството да глуми патриот и да исклучува од партијата наводни предавници, а во позадина тајно молел истите предавници да му помогнат нему и на партијата. Зошто Мицкоски се среќавал со овие пратеници? Ако се суди според другите аудио снимки тогаш тоа било за заштита на своите и интересите на неговите блиски соработници, како Камчев и Мијалков.

Овие двајца му давале пари на Мицкоски, кои патем не се никаде пријавени, за да успее да ја одржи партијата. Токму заради тие пари, со кои Мицкоски успеал да плати комунални долгови на партијата, но и автобуси за митинзи, лидерот на ВМРО ДПМНЕ сакал да им помогне на Камчев и Мијалков со тоа што ќе лобира да не се донесе Законот за јавно обвинтиелство, за тајните финансиери да не одговараат за криминал во делото „Империја“. Мицкоски тоа и го правел, лобирал, па дури и кај пратениците кои ги нарекуваше предавници, ама планот не му успеа.

Next Post

Здруженија на Македонците од Егејскиот дел: Благодарност до СДСМ за поддршката на нашите иницијативи

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk