Општина Центар најостро ја демантира објавата на веста на еден портал, и потенцира дека се работи за класична дезинформација, таква личност која се јавува на телефон наводно од општината, воопшто не е вработена во Општина Центар, стои во демантот до медиумите откако беше пласирана снимка од разговор меѓу наводно вработена во општина Центар која прашува по телефон дали гласале оние кои ги конктактира и вели дека „нивните гласови требало да излезат до сега“, па откако соговорникот ја прашува кое е нејзиното работно место, таа го прекинува повикот.
Како одговорна единица на локалната самоуправа, Општина Центар поддржува и во иднина ќе ги
поддржува слободата на говор и слободата на изразување, но нема да дозволи некој, за нечии цели и интереси да го злоупотребува тоа, валкајќи го името и угледот на општината. Општина Центар е единица на локална самоуправа во која живеат граѓани со различна партиска, етничка и верска припадност и работи траспарентно, во интерес на сите, не правејќи никакви разлики.
Апелираме до сите засегнати страни, да се воздржат од користење и злоупотреба на општината во дневно политички цели, слободно да излезат на гласачките места и да го дадат својот глас по свое лично убедување и воедно, да ги почитуваат препораките и мерките од надлежните институции, со цел успешен, мирен и демократски изборен процес.