ДИК ги преработи информациите за излезноста на гласачи до 19 часот. Од вкупно 3.463 гласачки места, на гласање излегле 830.370 гласачи, или во проценти 45,77%.
По изборни единици, одзивот на гласачи изнесува: ИЕ 1 – 47,4%, ИЕ 2 – 43,4%, ИЕ 3 – 51,52%, ИЕ 4 – 53,24%, ИЕ 5 – 44,89% и ИЕ 6 – 35,49%.
Општини со најголем одзив на гласачи се: Во ИЕ 1 – Македонски брод 64,68% и Сопиште со 53,64%.
Во ИЕ 2 најмногу гласачи излегле во Бутел 47,2% и Ѓорче Петров со 47,56%.
Во третата изборна единица, најголема излезност има во Берово 56,45%, Лозово 65,25% и Ранковце 60,37%.
Во изборна единица 4, најмногу гласале во Гевгелија 62,17%, Демир Капија 62,31% и Неготино 62,98%.
Во петката, највисоки проценти има во Вевчани 64,11%, Кривогаштани 63,1% и Демир Хисар со 62,98% излезност на жителите до 19 часот.
Во последната, шеста изборна единица, Брвеница 35,34%, Јегуновце 40,52% и Тетово со 40,93%.