ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Нотирани голем број на случаи на непочитување на мерките за заштита од коронавирусот

July 15, 2020 13:04
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Поради мерките за заштита од корона вирусот и протоколот за спроведување на гласањето, Државната изборна комисија изврши проверка на избирачките места и оние што не беа соодветни, мали простории, беа дислоцирани.Сепак, според мониторигнот на ЦИВИЛ и бројот на пријавени случаи, не сите гласачи соодветно и на време беа известени дека нивните избирачки места се дислоцирани. Вакви примери има во Штип, Куманово, Кочани, Пробиштип, Скопје….

Некои од гласачките места имаат истакнато место дека се преместени, но во неколку случаи не постои таква информација. Поради ова гласачите се или револтирани или се откажуваат од гласање. Во дислоцираните избирачки места, доколку се поделени во повеќе простории постои забуна каде да се гласа.

Па така, во ИМ место 0836 во Кочани, поради дислокација на избирачките места во овој објект многу од гласачите не можеа да ги пронајдат избричаките места во кои гласаат.

Но, според пријавите на гласачите и покрај посочените мерки за безбедност, постојат уште избирачки места, по две во една просторија, со што не се запазени протоколите за заштита од корона вирусот.

Таков пример е забележан во Штип, каде избирачките места 2284 и 2289 се сместени во една училница.

Бидејќи многу промени се направија поради пандемијата, сепак настојувањата за безбедно гласање не секаде функционира. Па така, од извештаите на набљудувачите на ЦИВИЛ на терен, може да се забележат пријави за несоодветно носење маски и од гласачите и од членовите на избирачки одбори, не користење дезифекциски сретства од секој гласач што влегува во избирачко место, без некој да ги опомене, не секој член од Избирачките одбори носи ракавици, а забележани се случаи каде не постои физичка дистанца меѓу гласачите што чекаат ред за гласање. Истото е забележано и во избирачки места што се сместени во помали простории.

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ брои 314 набљудувачи, сите мобилини. Наодите од извештаите од нивното набљудување се соопштија на прес конференциите во 8 и 10 часот. Следната прес конференција на ЦИВИЛ е во 13 часот.

Next Post

Нови 18 обработени случаи на изборни нерегуларности нотирани од мониторинг тимовите на ЦИВИЛ

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk