ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Пријавени инциденти на избирачки места во Кичево, Прилеп, Дебар и скопски Аеродром

July 15, 2020 18:58
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

На гласачко место бр.2695 во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром околу 13.15 часот претседателот на избирачкиот одбор побарал интервенција бидејќи лице влегло на гласање со маска на лицето на која имало партиски симбол и не сакало да ја смени.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, кога дошле полициски службеници лицето веднаш ја сменило маската и му било овозможено да гласа, а од полицијата е утврдено дека се работи за Е.Т.(37) од Скопје.

-Лицето потоа почнало на висок тон да се расправа со полициските службеници по што и била дадена наредба да престане и излезе надвор од училиштето за да не го нарушува јавниот ред и мир за време на гласањето, при што истата одбила и продолжила да го нарушува јавниот ред и мир. Лицето е лишено од слобода и против него ќе биде поднесен записник за констатиран прекршок по чл.4 „Нарушен ЈРМ со карање, викање, дрско и непристојно однесување“ и чл.14„ Нарушување на ЈРМ со непочитување на наредба од УПС“ од ЗППЈРМ, соопшти МВР.

По барање на претседателот на избирачкиот одбор на избирачко место бр.0537 во ОУ „Саит Најдени“ во Дебар на ул. „Едвард Кардељ“,  во 12.55 часот е побарана интервенција на полициски службеници поради тоа што А. Д. (30) од Дебар со својот мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче. Во 13.15 часот тој е приведен во ОВР-Дебар.

Во 13.10 часот на гласачко место 0755 во село Осој, општина Кичево, заменик-претседателот на избирачкиот одбор пријавил дека во просторијата за гласање Г.М. додека гласал го фотографирал гласачкото ливче, а по барање на членовите на избирачкиот одбор лицето ги избришало фотографиите. Констатиран е прекршок по член 190 ст.2 од Изборниот законик. Се преземаат мерки за документирање на настанот од страна на ПС од ОВР Кичево.

Во 12.40 часот од претседателот на Избирачкиот одбор на гласачко место бр.2909 во ОУ „Живко Брајковски“ во Скопје е пријавено дека непознато лице наводно сликало гласачко ливче. Од страна на полициски службеници лицето е лишено од слобода и утврдено е дека се работи за Е.Е. (29) од Скопје. Против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во 10.45 часот М.И. пријавил нарушување најавен ред и мир во Прилеп во дворот на ОУ „Кире Гаврилоски“, каде Џ.П. од Прилеп физички го нападнал Г.Д. од Прилеп. Интервенирано е од полициски службеници од НККР Прилеп, а при прегледот кај лицето Џ.П пронајден и одземен бил пиштол марка „ЦЗ“. Се работи на расчистување на случајот./МИА/

Next Post

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk