Прес-конференција од ДИК за првичните неофицијални резултати. Дерковски се извинува за застојот со падната страна на Државната изборна комисија. Обработени се 70% од избирачките места досега.
Дерковски рече дека состојбата моментално е „мртва трка“ меѓу двете најголеми партии со нивните политички партнери и нагласи дека техничкиот проблем со достапноста на интернет страната е најверојатно обид на надворешен напад, но не би навлегувал подетално сѐ додека не се докаже точно.