Во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 94 нови случаи на ковид-19.
Починати се 8 лица, два пациенти од Скопје, еден од Прилеп, еден од Струга, еден од Охрид, двајца од Гостивар и еден од Кичево.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 42 оздравени лица.
Досега во земјата се направени вкупно 81.604 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.623, бројката на оздравени пациенти е 4.603, на починати е 401, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.619.