ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

ДИЖС: Земени се мостри од Вардар за хемиска анализа, направен е увид кај уште две сомнителни фирми

July 17, 2020 16:41
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Државниот институт за животна средина, по добиена дојава за загадување на река Вардар со црвена боја во близина на Бетонската база – Бетон, излезе на увид на посочената локација и со непосредниот инспекциски надзор утврдена е следната фактичка состојба.

Отпадната вода од колекторот која се влива во река Вардар беше со видлива црвена боја. Поради овој факт веднаш се земени мостри од отпадната вода што излегува од колекторот за хемиска анализа.

Земените мостри се однесени во акредитирана лабараторија и е во тек нивно испитување.

Истовремено извршен е вонреден инспекциски надзор кај правниот субјект Либерти АД – Скопје, ул.16 Македонска бригада б.б. и се утврди следната фактичка состојба.

Во момент на надзорот, погонот Лужилница не беше во работен режим, односно производниот процес беше целосно сопрен. Погонот е запрен со работа на ден 10.07.2020 година во вечерните часови. При увид во пречистителната станица  утврдено е дека во истата доаѓа отпадна вода од Погон за пластифицирање на лим и од пречистителната станица истекуваа 210 литри/час отпадна вода која е безбојна.

Исто така се изврши визуелен увид и во пречистителната станица на Макстил АД-Скопје, и од истата истекуваше безбојна отпадна вода од 100 метри кубни/час. Значи, од извршените увиди и кај двата погоре споменати субјекти нема забележано појава на истекување на црвена отпадна вода.

Инаку, ниту Либерти АД Скопје, ниту Макстил АД немаат пријавено било каков инцидент или хаварија во нивните погони, а при увидот во нивните пречистителните станици не е забележано обојување на отпадните води, се вели во соопштението испратено до медиумите од Државниот инспекторат за животна средина.

Next Post

Левичарски партии со Декларација за регионална солидарност на државите од поранешна Југославија

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk