По изработените мурали во Битола, Скопје, Гевгелија и Кочани, денес и влезот на град Велес доби свој мурал како дел од програмата на фестивалот за современи уметности АКТО.
Со изработка на денешниот мурал продолжува програмата на 15. издание на АКТО фестивалот за современи уметности, во продукција на организацијата Факултет за работи што не се учат (ФР~У). Автор на муралот е уметникот Давор Кешкец, а изработен e на површина од околу 300 м2, со 86 метри должина.
И.Е.