ЗИБЕРИ со први сигнали за Влада во која тој не би бил премиер.
СПОРЕД Алијанса за Албанците, починати и иселени лица гласале, ДУИ вршел притисоци.
КРИМИНАЛ, алкохол и дрога во најпопуларните песни помеѓу младите, македонските инфлуенсери внимаваат што промовираат.
СЕДУМ штитеници од Домот за стари лица во Радовиш и тројца вработени се позитивни на ковид-19, информира директорката на Центарот за јавно здравје од Штип, д-р Марија Димитрова.
ДО 31 јули или уште десет дена трае рокот за поднесување барања за субвенции од Програмата за земјоделство 2020 година.
ПРОСЕЧНАТА исплатена плата во мај годинава изнесува 26.390 денари и според објавените податоци на Државниот завод за статистика бележи раст од 4,4 отсто во однос на мај лани.
ОД Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп едно лице заболело, а четворица оздравеле од коронавирусот.
ЗА евентуалниот есенски бран на коронавирус, Штип се подготвува да изгради монтажна болница со капацитет од 50 кревети, најави денес директорот на штипската Клиничка болница Ален Георгиев,
ФРОНТ: Ќе заврши ли „левичарот“ Апасиев со своите екстремно десни ставови, како сега веќе маргинализираниот радикален десничар Тодор Петров?, коментира Јане Ѓорѓиоски.
ПО петмесечна пауза, во дворот на Театар Куманово вечер во 20 часот ќе биде изведена монодрамата „Прво лице еднина“ во режија на Драгана Гунин, и во изведба на актерката Владанка Димковска.
ОСНОВНОТО јавно обвинителство Прилеп оформи предмет по допрен глас против угостителски објект во Прилеп, кој во вечерните часови на 18 јули годинава организирал забава на која биле присутни поголем број посетители, спротивно на законските прописи и мерки за заштита во услови на прогласена пандемија од Ковид-19.
ЦЕНИТЕ на бензините од полноќ се намалуваат за денар и полoвина, а на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
НА потегот од улицата „Страшо Ербапче“ кон Пониква во должина од 7,4 километри во тек е втората фаза од рехабилитацијата на дел од регионалниот пат меѓу Кочани и Пониква.
УГОСТИТЕЛИ, туристички работници и транспортери на средба со Царовска, бараат продолжување на поддршката.
Ј. Ѓ.