Од чиста логика, искрено се надевам дека ДУИ ќе оди во опозиција. Не ја исклучувам опцијата дека Заев ќе собере 61 пратеник без ДУИ, рече поранешниот пратеник Павле Богоевски во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија.
-На нашата сцена не се непознати математиките на прибирање на пратениците, понекогаш и од спротивниот табор, преку лобирање, убедување итн, не би ја бутнал таа врата. ДУИ има многу добра положба за преговарање, се согласувам со ставот дека барањето за прв премиер Албанец, не беше ништо повеќе од преговарачки чин на Али Ахмети- рече Богоевски.
Законот за амнестија беше политички пазар за промена на името со цел влез во НАТО и ЕУ, а референдумот е успешен без одлука, рече Богоевски.