Во последните 24 часа се направени 1.437 тестирања, а регистрирани се 137 нови случаи на ковид-19.
Починати се 10 лица, пет пациенти од Скопје, двајца од Куманово, по еден пациент од Тетово, Гостивар и Радовиш.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 131 оздравен пациент.
Досега во земјата се направени вкупно 89.703 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9.547, бројката на оздравени пациенти е 5.071, на починати е 442, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.034, соопшти преку пост на Фејсбук министерот Филипче.