Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска на својот официјален фејсбук профил сподели фотографии од неговиот одмор во преспанското село Љубојно.
Тој по изборите замина на одмор со најава дека преговорите за составување на новата влада ќе ги почне по Илинден.
– Дома си е дома, дома е и во Љубојно во Преспа. Медот е од Бујар, баклавата ја правеше мајка му на Линдим, а рибата ја спреми тетка Лилјана, мајката на Васко. Голема благодарност за гостопримството и одличната храна и до Борјан и до градоначалникот Живко. Цело е кога има сѐ, напиша Заев на ФБ.
Инаку, местото Љубојно стана актуелно пред месец дена кога беше одлучено таму да биде возобновено старото училиште и да стане Центар за промоција на македонскиот јазик.