ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Петров: Просечната плата во мај повисока за 1.120 денари во однос на истиот месец лани, концептот на СДСМ и во време на криза дава резултати

Грижата и навремените мерки за спас на работните места, спас на компаниите и стопанството воопшто се потврдуваат, вели Петров.

July 23, 2020 13:09
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Потпретседателот на СДСМ, Коста Петров на прес-конференција од седиштето на партијата ги истакна успешните политики на Владата кои и во време на коронакриза даваат резултати. Петров се осврна и на покачената просечна плата за 1.120 денари во споредба со мај 2019.

Вистинските, исправни политики на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија носат видливи резултати.

Затоа победи концептот на СДСМ, концептот на Зоран Заев, кој обезбедува повисоки плати за сите, кој ги враќа парите кај граѓаните, кој обезбедува економски напредок и развој.

Иако соочени со најголемата светска здравствена и економска криза од која не е поштедена ниту нашата земја, бележиме раст на просечната плата.

Имено, просечната нето-плата во мај 2020 година, или во време на COVID-19 кризата, е за 1.120 денари повисока во однос на истиот месец лани, или поконкретно, просечната нето плата во мај 2019 година изнесувала 25.270 денари, а оваа година таа се зголемила на 26.390 денари.

Ако споредиме со месец април, таа е повисока за 560 денари односно во месец април просечна нето- плата во државава изнесуваше 25.830 денари.

Грижата и навремените мерки за спас на работните места, спас на компаниите и стопанството воопшто се потврдуваат.

Конкретно во месец мај, со мерката финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен, со 1,7 милијарди денари поддржани се 19.956 работодавачи во кои работат 118.069 вработени.

Со истата мерка, со 86,8 милиони денари поддржани се 5.985 самостојни вршители на дејност.

Додека пак, со мерката субвенционирање на придонеси во време на вонредна состојба во мај се поддржани 2.463 фирми.

Со цел поголема поддршка кон граѓаните и компаниите за време на корона кризата, Владата предводена од СДСМ одлучи мерката за финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен за исплата на плата да продолжи и во јуни.

За месец јуни, до овој момент се одобрени 19.202 барања, а направена е исплата за финансиска поддршка за 17.905 компании со 101.148 вработени. Одобрената финансиска помош до овој момент, за месец јуни, изнесува 1.404.470.647 денари, односно за трите месеци се исплатени над 76 милиони евра на фирми и самостојни вршители на дејност.

Почитувани, за изминатите три години преку бројни мерки и политики СДСМ покажа што значи вистинска грижа за граѓаните, за економијата, за државата. Тоа граѓаните го почуствуваа со растот на минималната, просечната плата, пензиите и растот на социјалната помош.

Во таа насока остануваме и понатаму. Со уште повеќе нови политики и мерки кои ќе бидат насочени исклучиво во интерес на граѓаните и државата, вели Петров.

Next Post

Во Прилеп денес 2 нови случаи на коронавирус и 6 оздравени

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk