ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

ДИК ги додели уверенијата, не ги подигнаа пратениците од Левица, ДПА и Алијанса

July 25, 2020 14:24
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

На свечена седница денеска претседателот на Државна изборна комисија, Оливер Деркоски ги додели уверенијата на пратениците во новиот собраниски состав од изборите одржани на 15 јули. Освен Левица, ДПА и Алијанса за Албанците сите други ги подигнаа уверенијата за пратеници.

Во името на Демократска унија за интеграција денеска уверенијата ги подигна нивниот претставник, Фитин Лога, кој на сите пратеници им посака успешна работа истакнувајќи дека изборниот процес поминал во ред и без никакви забелешки.

– Јас како овластен претставник на ДУИ денеска ги подигам уверенијата за сите наши пратеници од изборите одржани на 15 јули. На сите им посакувам успешна работа. Изборниот процес беше во ред, ние немавме никакви забелешки, така што на сите пратеници им честитам, изјави Лога.

Овластениот претставник од Коалиција на СДСМ, „Можеме“, Бранко Георгиевски ги подигна уверенијата на пратениците од оваа Коалиција и се заблагодари на сите што учествуваа во овој изборен процес.

– Конечно дојдовме и до денот кога денеска веројатно јас не следев, но по моите сознанија ДИК прогласи конечност на резултатите. Поради пандемијата одлучивме на ваков начин да ги подигнеме уверенијата на коалицијата „Можеме“. Благодарам на сите што учествуваа во овој изборен процес, на ДИК и на сите органи и секако и вас медиумите. Ви благодарам на сите и благодарност уште еднаш до ДИК и на сите учесници во изборниот процес, истакна Георгиевски.

Дерковски поединечно им подели уверенија на ВМРО-ДПМНЕ од „Обнова на Македонија“ на по еден претставник од изборните единици, и им посака успешна работа, а партискиот генерален секретар Игор Јанушев ги подигна за останатите.

– Само што ги подигнавме уверенијата. Очекуваме дека во следниот период, а секако во законски предвидените рокови дека ќе не повикаат и на конститутивната седница на Собранието. Би сакал уште еднаш да се заблагодарам на буквално сите во Република Македонија коишто го дадоа својот глас за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за „Обнова на Македонија“. Она што имавме прилика да го видиме на изборите е дека и покрај сите неправилности, поткупи и се она што се случуваше особено во текот на пред кампањата и во кампањата дека сепак опозициските партии успеаја да освојат повеќе гласови од владејачката структура, истакна Јанушев по подигнувањето на уверенијата.

Next Post

Летната распродажба во Реал треба да донесе 180 милиони евра

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk