Во Србија, во последното деноноќе се направени 10.381 тестови за коронавирус, при што позитивни се 467 лица – што е рекорд во однос на дневната бројка на заразени од почетокот на епидемијата во земјата, пренесуваат српските меидуми.
Во последните 24 часа од компликации поврзани со Ковид-19 во Србија починаа осум лица.
На респиратори во српските болници, во моментов се наоѓаат 169 пациенти.