СДСМ најавува формирање Влада предводена од оваа партија, која како што велат оттаму, ќе работи уште повеќе и уште подобро и го испорача резултатот кој го очекуваат граѓаните.
НАД 320.000 пензионери ќе ја добијат јулската пензија предвреме.
ОТКУПОТ на градинарските производи од Струмичко тече без проблеми, земјоделците и трговците задоволни.
АВСТРИСКАТА агенција за конкурентност и заштита на потрошувачите (АЦЦЦ) покрена судска остапка против „Гугл“ (Google), тврдејќи дека компанијата ги измамила своите потрошувачи како во значителна мерка би собрала податоци од повеќе причини, вклучително и целно рекламирање.
ГЕРМАНСКА донација од 152.000 евра за неколку болници во земјава.
ПОДДРШКА за заштита на работничките права на нископлатените и неформални работници во време на корона криза.
АВГУСТ е месецот кога ќе отвориме и за крузерите, вели министерот за туризам на Грција Харис Теохарис.
ОПШТИНСКИОТ кризен штаб ја поддржа иницијативата за поставување монтажна модуларна болница во Гевгелија која ќе функционира во рамки на регионалните Ковид центри во земјава.
ФРОНТ: Мицкоски: „Коњ, коњ, давам кралство за коњ!“, колумна на Сашо Орданоски.
МИНИСТЕРСТВОТО за внатрешни работи во текот на изминатото деноноќие евидентираше 329 прекршоци за неносење на лична заштита на лицето.
БЕЗ електрична енергија утре ќе бидат дел од корисниците во општините Кисела Вода, Гази Баба и Карпош.
ЗА 48 часа, односно од петокот во 19 часот заклучно со вчера во исто време, во Грција биле регистрирани вкупно 116 шумски пожари на различни локации.
ВАКЦИНИРАНИ над 2.000 деца во бегалскиот камп Мориа на грчкиот остров Лезбос.
ХОСПИТАЛИЗИРАНИТЕ со Ковид-19 на Инфективна клиника добиваат и третман со физикална терапија.
УРАГАНОТ Хана вчера го погоди брегот на Тексас, уривајќи електрични столбови и делови од ѕидот на границата меѓу САД и Мексико.
РАСТ на стапката на вработеност кај жените, мажите сè уште побројни на работните места Најмногу од вработените се на возраст од 35 до 39 години, а најголем процент на невработени се младите на возраст од 25 до 29 години.
ПРВИОТ наводно позитивен случај на Ковид-19 во Северна Кореја не е инфициран.
ВО Австрија на полноќ стапија во сила новите мерки за влез во земјата од таканаречените ризични региони, во кои спаѓаат и сите земји од Западен Балкан.