ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Помалку се троши, повеќе се штеди во земјите од ЕУ од почетокот на пандемијата

July 28, 2020 16:55
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Реалната потрошувачка на домаќинства по глава на жител во првиот квартал од 2020 година во земјите од еврозоната опадна за три проценти, а во целата Европска унија за 2,9 проценти, објави Евростат.

Се наведува дека тоа е периодот кога во сила беа широки мерки за заштита од ширење на Ковид-19 и дека ова е најголем пад на потрошувачката на домаќинствата во ЕУ од 1999 година и почетокот на мерењето на таквата статистика.

Евростат наведува дека во истиот период имало зголемување на бруто расположливиот приход кај домаќинствата во еврозоната за 0,9 проценти, а на ниво на ЕУ за 1,2 проценти.

Објаснето е дека врз зголемувањето на приходите позитивно влијаело намалувањето на тековните даноци и нето социјалните давачки, но и зголемувањето на социјалната помош на државите.

Во првиот квартал на 2020 година, стапката на заштеда на домаќинствата во еврозоната и ЕУ се зголемила за 4,3 проценти во однос на четвртиот квартал од 2019 година.

Највисоки зголемувања се забележани во Белгија, Данска и Холандија, а најмали во Полска, Шведска и Чешка.

За сите држави членки, освен две, зголемувањето на стапката на заштеда е објаснето со силно намалување на индивидуалните трошоци.

Падот на индивидуалната потрошувачка во домаќинствата е најизразен во Италија, Шпанија и Белгија, а потоа следува и Франција.

Во исто време, бруто расположливиот приход варирал, зголемувајќи се во Полска, Данска, Чешка, Ирска, Холандија и Финска, а се намалил во Шпанија, Италија, Португалија, Германија и Австрија. /МИА/

Next Post

Течат подготвителните работи за првата фаза од автопатот Скопје-Блаце, се врши расчистување на делови од трасата

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk