ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Течат подготвителните работи за првата фаза од автопатот Скопје-Блаце, се врши расчистување на делови од трасата

July 28, 2020 17:07
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Поради состојбата со ковид-19, изградбата на првата фаза од автопатот Скопје-Блаце заглави на експропријацијата на 68 имоти низ кои треба да минува трасата. Од Јавното претпријатие за државни патишта за „Мета.мк“ информираат дека експропријацијата на земјиштето досега е реализирана во над 50 отсто од трасата.

– Поради состојбата со ковид-19, Министерството за финансии, односно Управата за имотно-правни работи Чаир, не закажуваат расправи со странки во врска со заостанатиот дел од предметите – велат од ЈП за државни патишта.

Во делот на изградбата на првата фаза од новиот автопат, во моментов сè уште течат подготвителни работи, и се врши расчистување на делови од трасата каде што е завршена експропријацијата на земјиштето. Тие дополнуваат дека подготвителните работи се многу важни за отпочнување на следната фаза на изградба на трасата долга 2 километри.

– Кога се работи за сериозна градба, прво градежната фирма си прави пункт, си прави свое градилиште и врши други подготовки за отпочннување на градба – велат од ЈП за државни патишта.

Инаку, рокот за завршување на изградбата на првата фаза од овој автопат е до наредното лето. Договорот за изградба со градежната компанија „Гранит“ беше потпишан во јануари годинава, со предвиден период на изведба од 18 месеци. Цената на изведба на првите два километра е 12,2 милиони евра, без ДДВ.

Стопанствениците кои го користат постојниот пат Скопје-Блаце во неколку наврати побараа забрзување на изградбата на автопатската делница и испочитување на зададените рокови за негово пуштање во употреба.

Покрај реализацијата на првата фаза, за автопатот Скопје-Блаце во моментов се работи и на изработка на проектната документација за втората фаза, која ја опфаќа изградбата на преостанатите 10,5 километри од клучката кај селото Блаце до скопската обиколница. Средствата за оваа делница веќе се обезбедени, но распишувањето на тендерот за избор на изведувач за втората фаза би следело наредната година. Крајниот рок за завршување на автопатот Скопје-Блаце е крајот на 2024 година.

Next Post

Германски научници: Повеќе од три четвртини пациенти опоравени од Ковид-19 развиле проблеми со срцето

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk