ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СКАНДАЛИ

Сејдини: За нечии сметки бевме доведени до финансиски крах

Јавното обвинителство и истражните органи треба да ја водат истрагата пријавена од наша страна, а ние сме должни да соработуваме и да ги доставиме сите потребни документи до истражните органи за расчистување на целиот процес.

July 28, 2020 13:42
in ДЕНЕС, СКАНДАЛИ, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини се огласи во врска со поднесената кривична пријава против лица поврзани со ФФМ од Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Во продолжение во целост ја пренесуваме реакцијата на Сејдини:

– Како претседател на Фудбалската федерација на Македонија на 10. октомври 2019 година пријавив сомнение за сторен финансиски криминал до државните истражни органи поврзан со злоупотреба на службената положба и овластување, за перење пари и други приноси од казниво дело и измама во службата од страна на поранешната раководителка на финансискиот оддел во ФФМ и Н.Н. лица.

И тогаш кога пријавивме сомнение за проневера, но и сега, мојот и секако ставот на Федерацијата е дека единствено институциите, односно во овој случај, Јавното обвинителство и истражните органи треба да ја водат истрагата пријавена од наша страна, а ние сме должни да соработуваме и да ги доставиме сите потребни документи до истражните органи за расчистување на целиот процес.

Во изминатиот период Фудбалската федерација на Македонија имаше интензивна соработка со државните истражни органи, а посебно упатуваме благодарност до Управата за финансиска полиција за нивниот професионален однос, посветеност и одговорен пристап.

На Генералното Собрание на ФФМ одржано пред две седмици, јас, како претседател на Фудбалската федерација на Македонија реков пред присутните, а сега ќе повторам и за целокупната јавност дека како човек кој долго време работи во фудбалот во Македонија, до минатата година мислев дека доволно и добро ги познавам и соблекувалните и стадионите и канцелариите и внатре и однадвор, но и луѓето.

Почитувам правила и закони и сметав дека така се однесуваат и другите. Посебно тие кои долги години извршувале одговорни функции. За сѐ друго, одговорноста е на државните институции и судските органи и се разбира на оние кои работеле спротивно на законите.

Последиците од тоа, тие луѓе ќе мора да ги сносат. Мене ми е најважно што како Федерација го пребродивме периодот кога за нечии сметки бевме доведени речиси до финансиски крах, но не дозволивме репрезентациите и фудбалското семејство да почуствуваат дека нешто драматично се случува.

Се разбира и јас и сите околу мене сме подготвени и ќе продолжиме да соработуваме со институциите на системот, било да е извршна или судска власт, доколку тоа се бара од нас по дела за кои сме пријавиле сомнение.

Истовремено, сакам да потенцирам дека раководните луѓе во УЕФА детално се информирани за целиот случај, а како одговорна и транспарентна институција побаравме посебна финансиска истрага и од нивна страна за што добивме уверување дека во најскоро време финансиски експерти од УЕФА ќе извршат и своја, дополнителна контрола во однос на проектите и работењето на ФФМ.

Ја уверувам јавноста, посебно фудбалската дека нашето работење не е загрозено, иако минуваме тежок период и веќе работиме на внатрешна контрола на сите активности, плаќања и обврски на федерацијата од 01. јануари 2010 година.

Кршење на закон од било когo и на било каков начин, не само финансиски, секако мора да сноси одговорност и последици.

Јас како претседател на Фудбалската федерација на Македонија заедно со надлежните институции ќе продолжам да соработувам со институциите за расчистување на случајот, стои во реакцијата на претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Претходно, Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје поднесе кривична пријава против повеќе лица меѓу кои и Илчо Ѓорѓиоски – поранешен претседател на ФФМ, О.М. – раководител на Одделение за финансии и сметководство и Т.М. во својство на раководител на Одделот за судии и судење при ФФМ./МИА/

Next Post

Eлектронски ќе се следат вложувањата во регионалниот развој, точно ќе се знае кој регион колку средства добил и за што ги потрошил

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk