Нови 102 нови случаи на КОВИД-19 од 1.356 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Починаа пет лица од Скопје, Кичево, Куманово, Прилеп и Штип. Регистрирани се 99 оздравени пациенти.
Вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 10.315, бројот на оздравени пациенти е 5.663, на починати е 471, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4181.
Од вкупниот број активни случаи – 4.181, во Скопје има 1.865, во Штип 419, во Куманово 294, во Тетово 270, во Гостивар 240, во Свети Николе 192, во Струга 191, во Дебар 124…
Досега во земјата се направени вкупно 97.550 тестирања на Ковид -19.
На Инфективната клиника примени се девет, а вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 12 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, четири позитивни деца и два пациенти суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 пациенти, вкупно хоспитализирани се 106 пациенти. На респираторна машина се пет пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 38, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 130 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.