Од МВР потврдиле дека ноќеска, кај местото Гумење настанала тепачка меѓу коњаници од скопско Лисиче и едно лице од Крушево, а полициски службеник пукал во воздух за да ја смири ситуацијата.
Петмината од Скопје биле дојдени со коњаницата која во чест на одбележување на празникот Илинден тргна од главниот град кон Крушево.