При своето обраќање пред репортери, Трамп рекол „Што се однесува до ТикТок, ги забрануваме со САД“, стои во текст на SkyNews.
Тој не појаснил како мисли да го спроведе „одвојувањето“, но може да започне со извршна наредба веќе овој викенд.
Имам авторитет да го сторам тоа. Можам со извршна наредба, рекол Трамп.
Најавата на претседателот на САД доаѓа откако беа воведени низа санкции кон кинески производи, што ги интензивира односите меѓу двете земји.
Трамп потпишал наредба со која е бара од ByteDance да им го продаде на САД делот од мрежата кој се однесува на нив, заради опасноста по националната безбедност, стои во текст на Вашингтон пост.
Се претпоставува дека Мајкрософт би била водечката фирма која ќе ги преземе услугите за американскиот пазар за ТикТок, но од компанијата сѐ уште не коментираат ништо.
Од платформата ТикТок велат „иако не коментираме гласини и шпекулации, убедени сме во долготрајниот успех на ТикТок“.
Ова доаѓа откако и демократскиот кандидат за претседател на САД, Џо Бајден им рекол на вработените да ја избришат апликацијата од своите лични уреди од безбедносни причини, тврди извор од штабот на Бајден.
ByteDance ја лансирале ТикТок во 2017 како главен конкурент на Фејсбук и Снепчет, за во април годинава апликацијата да достигне 2 милијарди симнувања.
Растот на популарноста и употребата на апликацијата, заедно со нарушените односи меѓу САД и Кина, ја натерало американската влада подетално да ја истражи апликацијата.
Пекинг подолго време ги негира обвинувањата на САД дека крадат интелектуална сопственост, што ја чини земјата милјарди долари и илјадници работни места.
Освен интелектуалната сопственост, генералниот секретар на САД, Мајк Помпео претходно ги опишал кинеските технолошки компании како „Тројански коњи на кинеската разузнавачка служба“
Дури и воениот персонал на САД е спречен да употребува кинеска технологија од безбедносни причини.
Превод: А. Н. С.