Директорката на УЈП Сања Лукаревска во гостувањето на Телевизија 24 изјави дека за работодавците кои земале државна помош, а не ги исплатиле платите на вработените, ќе има кривична одговорност.
„Дадовме се од себе како институција да ги спроведеме мерките максимално транспарентно и одговорно, но за жал нашиот труд падна во вода кога видовме дека има вакви случаи. Законот за даночна постапка како процес на еден вид присилна наплата овозможува најпрво да се поднесе опомена, но тоа не значи дека ние ќе застанеме тука. Дел од овие пари доаѓаат и од Светска банка и тие ја следат будно оваа ситуација. Владата ќе преземе соодветни чекори и оваа листа ќе ја испрати во Обвинителството и ќе има кривична одговорност. А покрај тоа што ние ќе направиме присилна наплата, во самата уредба стои дека тие пари ќе треба да ги вратат сите тие средства коишто ги зеле“, вели Лукаревска.
Лукаревска вели дека казни ќе следат и за компаниите кои по објавувањето на листата се нашле на неа и тогаш ги исплатиле платите на вработените.