ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Ковид-19 најризичен за постарите лица, почитувањето на мерките клучно за нивна заштита

August 3, 2020 12:24
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Ковид-19 предизвикува поголема смртност кај лица на возраст над 60 години и кај лица со основни медицински состојби, како што се кардиоваскуларни заболувања, хронична респираторна болест, дијабетес и карцином. И постарите лица кои вообичаено имаат и други коморбидитетит, како и помладите треба целосно да ги почитуваат мерките за заштита – носење маска, одржување дистанца и зачестена хигиена на рацете, апелираат од Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје.

Објектите за долготрајна нега, како што се геријатриските болници, хосписите за палијативна нега, домови за стари лица и рехабилитациски центри, се објекти што се грижат за луѓето кои страдаат од понапредната возраст со бројни коморбидитети и затоа заштитата од ширење и пренесување на Ковид-19 е исклучително важна, соопшти Министерството за здравство.

– Лицата кои се лекуваат и престојуваат во установи за долготрајна нега се ранливи популации кои се изложени на поголем ризик за неповолен исход и за инфекција поради престој во близина на други лица. Затоа овие установи мора да преземат посебни мерки на претпазливост за да ги заштитат своите корисници на услуги и вработените. Особено е важно спречување на инфекција и контролните активности може да влијаат на менталното здравје и благосостојба на корисниците на услуги и вработените, особено употребата на лична заштитна опрема и ограничувањето, односно забраната на посетителите и групните активности, посочуваат од болницата „13 Ноември“.

Во моментот, како што се нагласува, во установата има полн болнички стационар од вкупно 300 легла, а исполнети се вкупно 269 болнички кревети. Се спроведуваат строги протоколи и засилени заштитни мерки за безбедност како на корисниците на услуги, така и на болничкиот персонал. По кусиот прекин, веќе од 1 јуни установата започна повторно со прием на пациенти со посебна процедура која опфаќа тријажа на корисниците на услуги со цел да се заштитат останатите штитеници од влез на вирус од надвор.

Специјализираната болница „13 Ноември“ изработи и ги спроведува упатствата кои овозможуваат безбедна долготрајна нега на корисниците на услуги во координација со Министерството за здравство во однос на превенцијата преку едукација на корисниците на услуги и персоналот, задолжително користење на лична заштитна опрема и зачестена лична хигиена и дезинферкција, во однос на физичката поставеност и сместување на пациентите и начинот на извршување на групните активности, контрола и засилен надзор за рана детекција на евентуален случај на Ковид-19 заболен, како и во однос на грижата за Ковид-19 пациент и превенција на понатамошна трансмисија.

Со доследно спроведување на сите мерки за заштита од ширење на вирусот, институцијата е безбедна. Од почетокот на пандемијата со Ковид-19 вкупно регистирани заболени во установата биле пет вработени и четири корисници на услуги, а доследното почитување на мерките спречи ширење на вирусот во рамки на установата, стои во соопштението

Next Post

Жителите од околината на Мадрид евакуирани поради пожар

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk