Aнгела Стаменковска, 29-годишна специјализантка по Инфектологија на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, апелира да се почитуваат мерките за заштита од ковид-19, а нејзината порака ја пренесе министерот за здравство Венко Филипче на своите профили социјални мрежи.
„Помогнете ни и нам кои сме во првите борбени редови грижејќи се за нашите и ваши пријатели, родители, баби и дедовци – најблиските. Да бидеме совесни, да носиме маска, да одржуваме физичка дистанца и често да ги миеме рацете. Преку грижата за себе и сопственото здравје да им помогнеме на сите околу нас. Продолжуваме да го даваме својот максимум за грижа на сите пациенти“, вели специјализантката Стаменковска.