ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Хелсиншки комитет: Во јули повторно зголемување на говорот на омраза на социјалните медиуми во контекст на одржаните избори

Од Хелсиншки комитет во Извештајот наведуваат и дека во сенка на изборите беше утврдувањето на Преговарачката рамка помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија која беше презентирана за време на германското претседавање со Унијата на 1 јули 2020 година.

August 7, 2020 16:50
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Месец јули го одбележа повторното зголемување на говорот на омраза на социјалните медиуми во контекст на одржување на предвремените парламентарни избори и големиот број случаи со КОВИД-19 во текот на целиот месец. Исто така, во текот на месецот се забележа енормно зголемување на новозаболени граѓани со КОВИД-19 што предизвика негативен дискурс кој воедно доби и етнички карактер како резултат на бројот на заболени по општини.

Ова се наведува во Извештајот на Хелсиншкиот комитет за месец јули по спроведениот мониторинг на мерките на Владата, особено во контекст на почитување на темелните права во рамки на Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права, во кој особено се дава осврт на спроведувањето на мерките и на нивното директно влијание врз граѓаните.

– Слично како и за изминатите месеци и согласно со утврдениот тренд, вниманието треба да се насочи кон справување со социо-економската криза како резултат на пандемијата – заштита на маргинализираните заедници, соодветна имплементација на мерките, соодветен надзор и примена, се наведува во Извештајот.

На политички план, се посочува, доминираше дискусијата околу одржувањето на предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 15 јули 2020 година Овие избори се одржаа за време на светска пандемија и под мерки на заштита на граѓаните. Политичките партии направија напредок со презентирање на нивните политички платформи преку социјалните медиуми, но сепак не изостанаа и традиционалните митинзи. Покрај препораките за заштита, преку нашиот мониторинг на социјалните медиуми беше забележано непочитување на мерките од страна на дел од присутните, како и непреземање на соодветни мерки од страна на надлежните институции, оценуваат од Хелсиншки комитет.

Воедно, укажуваат и на прелиминарните наоди на ОБСЕ/ОДИХР преку нивната набљудувачка мисија кои нотираа дека „предвремените парламентарни избори на 15 јули генерално беа спроведени ефективно и покрај приспособувањата како одговор на пандемијата со КОВИД-19, но правната стабилност беше нарушена со суштински ревизии на Изборниот законик и последователна ад хок регулатива донесена за време на вонредната состојба“.

– Кампањата, иако со негативен тон, беше вистински конкуретна и учесниците беа во можност да ги пренесат своите пораки и покрај ограничувањата на вообичаената комуникација. На медиумското известување за изборите му недостасуваше критички осврт на платформите, а одредбите во врска со платеното политичко рекламирање ги фаворизираа трите најголеми партии. Денот на изборите се одвиваше непречено и покрај техничките предизвици во објавувањето на резултатите и забелешките во врска со регистрацијата на гласачи, стоеше во прелиминарната оценка.
Од Хелсиншки комитет во Извештајот наведуваат и дека во сенка на изборите беше утврдувањето на Преговарачката рамка помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија која беше презентирана за време на германското претседавање со Унијата на 1 јули 2020 година.

– Преговарачката рамка е резултат на новата методологија за пристапни преговори која беше усвоена во март, 2020 година. Во поглед на содржината, особено внимание ќе биде посветено на политичката посветеност на процесот, особено во спроведувањето на првиот кластер поглавја кои се однесуваат на демократијата и на владеењето на правото, особено усогласувањето со политиките од Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права, се наведува во Извештајот.

Во документот се содржани и теми во врска со работничките права, дискриминацијата, за текстилните работнички, за родовата еднаквост и говорот на омраза. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Околу 80.000 деца во Бејрут ќе останат бездомници по катастрофалната експлозија

НАЈНОВО

ФОТО: ФФМ

Голем бод против Белгија во Гент, Македонија останува прва квалификациската група

October 10, 2025

Филипче од Гази Баба: Мицкоски нема резултати, мисли дека може да ги лаже луѓето дека добро живеат

October 10, 2025

(ВИДЕО) Експлозија во Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Кој се плаши од метафорите на Тричко?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарсија пред мечот со Македонија: Нашиот противник не прима многу голови, мора да најдеме решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 10 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Шпанската амбасада го најавува мултимедијалниот настан „Дон Кихот во Скопје“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали сме спремни за „slop“ видеата создадени со вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk