ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Повеќе од 1.400 француски општини наложија задолжително носење маски надвор

Во Корзика, носењето маска станува задолжително од оваа сабота во туристичките области на големите градови, како Ајачио, Порто-Векио, Сартен, Портичио, Бастија, Калви, Л’Иле-Рус, Сен Флорент, Алерија или Корте.

August 8, 2020 16:19
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

За да се запре ширењето на коронавирусот во Франција, маската отсега ќе биде потребно да се носи и во градските центри, на пазарите или на зелените површини, како парковите, јави дописникот на МИА од Париз. Првпат беше задолжително да се носи маска на сите јавни места, на 20 јули. И сега таа обврска се прошири на многу градски центри. Ова најмногу, со оглед на тоа што Министерството за здравство препорачува да се носи маска на главните прометни улици, каде што не може да се почитува социјалното растојание, по што повеќе градови ја преземаат својата одговорност со што се наложи носење на маска.  

Повеќе од 60 општини во Мајен, департман каде што вирусот активно циркулира веќе неколку недели, воведоа обврска за носење маска. И таа е радикална. Маската мора да се носи на сите места во градот, како што се Лавал, Мајен, Шанже или Лувиње и може да се извади само дома.

Брест, Бајон, Нанси, Стразбур, Ле Тукет, Валенсиен, Кан, Ница, Орлеанс … И уште многу други градови бараат носење маска, или насекаде и во кое било време (што е поретко, како во Мајен), или во дефинирани делови, како што се туристички делови и пазари и во одредени периоди.

На пример, во Марсеј се однесува на три зони. Исто е и во Рен, каде е задолжителна во центарот на градот и на пазарите на отворено. Турс и Ница го направија задолжително носењето на маска  од 10 до 1 часот по полноќ на одредени места, Лил, во пешачки области, трговски центри, пазарите и зелените површини, во Тулуз е слично како и во Амиен.

Во Париз, сепак, ситуацијата сè уште не е јасна. Префектурата, на барање на градоначалничката Ан Хидалго, пред неколку дена објави дека маската ќе стане задолжителна во дел од градот. Од 4 август, списокот на овие места сè уште се подготвува и треба да биде објавен „на почетокот на неделава“.
Во Корзика, носењето маска станува задолжително од оваа сабота во туристичките области на големите градови, како Ајачио, Порто-Векио, Сартен, Портичио, Бастија, Калви, Л’Иле-Рус, Сен Флорент, Алерија или Корте.

Исто како и за затворените јавни места, казната за непочитување на носење маска на отворено е 135 евра. Во случај на повторен прекршок, тогаш може да се искачи на 1.500 евра. Во екстремен случај, оној на тројно повторување, ќе бидат потребни 3.750 евра парична казна и шест месеци затвор.

Така, околу 1.400 општини ја наметнаа досега оваа обврска за носење маска. Пред неколку месеци генералниот директор за здравство Жером Саломон уверуваше преку радио и телевизија дека нема полза од  носењето на маската на улица. Но, во меѓувреме нештата се променија  и Оливие Веран, министерот за здравство, потсети дека маската е корисна кога не може да се почитува социјалното растојание, како на пазарите, галериите за купување или главните туристички улици. Оттогаш, таа стана задолжителна. 

ИЗвор: МИА

Next Post

Носи маска, потешко се дише на респиратор

Shortcut

Најново

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk