ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО) Ковачевски: Минималното поскапување на струјата ќе ги осигура инвестициите во обновливи извори

АД ЕСМ, потсети директорот, како стратешка и најголема компанија за производство на електрична енергија, треба да има свои инвестиции, посебно во обвновливи извори на енергија.

August 8, 2020 17:42
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Со цената што ја му ја дадовме на универзалниот снабдувач се доведовме на раб на опстојување и никако не можеме да ја намалиме зашто во таков случај ќе трпиме сериозни загуби и тоа ќе се рефлектира во наредните три, пет или повеќе години, изјави денеска генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Според него, на јавната постапка на ЕВН Хоум, АД ЕСМ понудила цена од 38,80 евра за мегават час што на крајот од годината ќе донесе профит од само 547.000 евра.

-Понудената цена на АД ЕСМ кон ЕВН Хоум е на ниво на рентабилност на работење на компанијата. Со носењето на новиот Закон за енергетика и либерализацијата на пазарот од први јули 2019 година АД ЕСМ не е регулирана компанија за продажба на електрична енергија. На тендерот на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум ние се јавуваме на аукција со наша цена која на крајот од годината ќе донесе одреден профит. Од први јули лани заклучно со јули оваа година, цената што ја дадовме на универзалниот снабдувач беше на ниво на стабилизирање на пазарот, смирување во период кога може да има турбуленции. Кога има можност за нови компании со повисоки цени да учествуваат на тендерите, ние како државна компанија учествувавме со цена која го стабилизира тој удар, односно ја држеше стабилна цената во изминатата година, објасни Ковачевски по посетата на рудниците во РЕК Битола.

АД ЕСМ, потсети директорот, како стратешка и најголема компанија за производство на електрична енергија, треба да има свои инвестиции, посебно во обвновливи извори на енергија.

-Согласно европските трендови полека треба да преминеме од производство на енергија на јаглен на обновливи извори. Би ги спомнал инвестиците во фотоволтаиците што во моментот се градат во Осломеј, јавното-приватно партнерство од 100 мегавати во Осломеј, новите 20 мегавати фотоволтаици во кругот на РЕК Битола, докомплетирање на ветерниот парк во Богданци и почнување постапка на нов ветерен парк во Миравци од 50 мегавати, третата фаза на ревитализација на хидропотенцијалот во земјава кој е стар повеќе од 50, 60, па и 70 години и нормално, нашата најголема активност е насочена кон проектот Чебрен, односно јавното-приватно партнерство за кое постаката ќе заврши во втората половина на септмеври, истакна Ковачевски. /МИА/.

Next Post

Попладневен преглед на вести: Масакрирани мачиња во Скопје, ЦИВИЛ обновената Иницијатива за укинување на привилегиите на пратениците ќе ја достави до новиот собраниски состав...

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk